И ако прашаш во кое време , знаат и во одговор ќе речат дека тоа станало во времето на грчкиот цар Михаил, бугарскиот кнез Борис моравскиот кнез Коцељ - во годината од создавањето на светот 6363*.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Тоа стана проблем зошто до тогаш имавме само два месеци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И сето тоа стана како на сон: небаре цело време преоѓав од еден сон во друг, ни за миг не будејќи се.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На скршеното окно закова парче ламаринка, окното од тоа стана едно слепо окно, така правеа често во селото, кога ќе немаа при рака стакло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристите под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)