тоа (зам.) - гајле (имн.)

— Не џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители. Ич за тоа гајле не берите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не бери го ти тоа гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете така, Силјане внуче, ќе си одиме, ич да не береш колку за тоа гајле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
РИСТАЌИ: Ти се чудам што береш гајле ти! Тоа гајле е мое, не е твое.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Реков: „за љубов да не зборувате“! Тоа гајле ќе ви дојде на главите.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере тоа гајле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти лично го имаш пребрано тоа гајле!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чудна баба! Се гледаше дека се гордее од начинот на кој ги решава проблемите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)