Се налагаше тоа тогаш решително, и покажуваше дека се поврзува по еден или друг начин со ред други странични работи и појави, уродувајќи со последици таму каде што не можев да ги предвидувам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сега знам: тоа тогаш беше пустинска фатаморгана, виѓаваш нешто што го нема!
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Лошо е да се биде во таква состојба, застрашувачки; но бесмислено е поради тоа сентиментално да се ламентира, тоа тогаш би била чевларска фраза; треба да се каже дека би требало да се биде пливач ако човек се осмели да тргне надвор од таквиот оркан на времето, или, ако човек е невротичен, треба да се тргне кон некое идилично столетие...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Најмногу што може да биде тоа е – европска конференција; но таа конференција не може да се зафати порано од пролетта; и тоа тогаш ќе се зафати само ако востанието тогаш биде посилно од сегашното.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Што не го направи тоа тогаш и таму, заедно ќе ја истрадавме нашата судбина!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Можеби пак се излажав, си реков и ги затворив очите.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)