Облечен во туѓо искрпено палто тој изгледаше и постар и поголем од другите деца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таков, тој изгледаше како некое смерно свештено лице што реди молитви за спасот на сите овие несреќни души и за умилостивување на оној што со мошна рака ги собрал овде на куп.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се изненадивме и се исплашивме, затоа што такво нешто од добриот чичко Никола не очекувавме, а, освен тоа, тој изгледаше мошне лут.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Единствено нешто на што се сеќавам беше Arcade, но и тој изгледаше како времето да му поминало, а друг магазин што би можел да го замени, немаше.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Есенската слана беше ја оседела неговата „брада" и тој изгледаше како достоинствен старец кој се приготвува подолго да се одмори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така стутулен, со здебелен нос и сцрвенети очи, тој изгледаше поинаку: сето негово суштество, пресвиткано и солзливо, молеше понизно за помош, сеедно што неговите зборови се трудеа да му го задржат поранешниот углед.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој изгледа немаше намера да ја напушта оваа позиција.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој изгледаше јадно и избезумено.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Потпрен на ѕидот, тој изгледаше мирен, чист и нов како да не учествувал во тукушто свршената тепаница.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)