Дојде до местото, каде што ѕидаше Аргир и седна. Таму горе тој почувствува како го крева нешто и му ја полни душата со неискажлива радост.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Под кожата песочно закрцка крвта и накостреши вепар. „Ракија и подвизи“, за`ржа. „Можеби тоа.“ „Се разбира“, не го сфати Мирон. „Ти си брат“, а тој почувствува нечиј поглед на тилот и се сврте.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Господе, господе, почна отец Иларион да шепоти и да ѝ се потргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното, и тој почувствува возбудливи трпки по снагата и почна да ѝ се припива со целото тело, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требаше со целото свое тело да ѝ ја почувствува врелината на нејзината кожа, кога ја заграби со рацете да ја впие во себе - таа исчезна како да беше дух или демон, му остана прегработ празен, а од прозорчето задопира грозен кикот, гракчење на гавран или на нечистиот, исмејувајќи го што го доведе до оваа бедна состојба, што вака го понизи и го огреши.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Даниел!” Сѐ уште не гледајќи во неа, тој почувствува дека таа стана и почна да оди по собата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тогаш тој почувствува дека тоне, исчезнува, и дека одвај ја задржува и нејзината омлитавена снага.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Токму кога се чинеше дека грчот го попушта, тој почувствува незадржлив диаретичен спазам и полу-свиткан отрча во правец на бањата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но во ова пролетно утро и тој почувствува како му надоаѓаат сеќавања за дамна одминатите млади времиња.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Раната преку неговиот нос скоро да беше зацелена, и додека ја држеше Брунила за рака, тој почувствува како Европа станува нејасна и како се топи во далечините.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)