Така, на Најдо Пашалески, детето на Ица не само што не му пречеше туку го сакаше како свое зашто знаеше дека тој деца не може да има, а освен тоа нему жена му требаше да има кој да му ја гледа куќата, да му зготви, да го испере и да го закрпи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Одеднаш, еве еден постар човек. - Што е ова? – ги прашува тој децата. - Кое? – се чуди Лидија.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Јас спијам со него, касајот го делам и тој деца ми прави, ама штом вчера и чумата се јави во комшии, од ум не ми излегува дека тој е нашата невола, зашто се греши пред светецот, и треба да ја добие заслужената казна. Котел не му гине, нели оче?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Страшен ли е ветрот? Јаде ли тој деца?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)