Човекот не можеше никако да се намести во своето лежиште и да не почувствува како тој зрак го сече преку лице или преку грло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
II. Мислам, ова топло сонце пробива низ прозорецот во мојата празна соба – сега, токму сега еден зрак заигрува по масата, по испишаните и празни листови хартија што лежат по масата, потоа се одбива до нерасцутената роза во шарената вазничка за цвеќе, а ние оддалечени стотици, илјадници метри од тој зрак, го сеќаваме неговото скокоткање во брчките околу окото.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И верувај секогаш ќе го има тој зрак и во душата, на тагата што тишти да и се заканува.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Само куќата на Бојана остануваше секогаш тажна и мрачна, оти, откако замина Крстан, таа виде само еднаш радосен зрак, но и тој зрак брзо згасна, затоа тагата сега беше уште поголема.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Полудуваше со залепени клепки: точно врз очите му лежеше студена арапска сабја, или боцкава жица, или танка змија, сеедно, тој зрак, тој ноќен призрак го менеше својот облик, и човекот како и да се наместеше во постелата го чувствуваше и остаруваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со тој зрак, како да исчезнал и Сане Сандин од гледот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)