тој (зам.) - пат (имн.)

За да се изоди пешки тој пат потребни се неколку десетици часови, а сепак да не може да се види повеќе од она што е прикажано на Изложбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ти не си дете, не се срамувај. Сите сме минале по тој пат. Добра ноќ! (Излегува)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Средбата излезе возбудлива: На пет чекори пред војводата, Шаќир застана мирно и со комитскиот поздрав: „Смрт или слобода" го поздрави Петрета и рапортира по војнички: — Господин, војводо, задачата што ми ја возложи успешно ја извршив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиве беше млад и многу личен маж, та може и да тргнал по тој пат за да излезе на крај со слепата сиромаштија, што ја беше наследил од татка си Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Де ќе ми кажиш оти не одиш на работа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јас тргна, побратиме, по тој пат и по него ќе ода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го напушчиа ли тиа тој пат, ќе си се оддела и од виа, како шо се оддели од брата му Гога и ке си а бркам работичката сам, како што си а брка и досега".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во средновековните катедрали тие стојат како праслика на патот на избавувањето, како “градот Ерусалим (=Небо) кој е јадро на тој пат, мошне непристапен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Шеесет дена и шеесет ноќи траеше тој пат, од тргнувањето до враќањето, и јас ослабев сосем, кожата ми се затегна врз коските од телото, стапалата ми распукаа како калинки и крвавеа кога стигнав во Дамаск, на пазарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Патот на смерноста и понизноста низок е, но кон висока Татковина води; и секој што сака до неа да стигне, по тој пат треба да оди, како Филозофот, нека му е слава вечна во станот небесен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Но како да го погодам тој пат, како да го пронајдам во себе? – Праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Минувај го тој пат што води до срцето, оставајќи го пострана шумот, зошто шумот постои само нашите глави.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не одведоа и мојата мајка и сите мајки на сите деца останаа со празни скутови и прегратки и со секогаш вперен поглед на патот по кој не одведоа и постојано и без престан ќе мислат дека токму по тој пат ќе им се вратиме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И како да го наречеме тој пат?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од заборавот оживеавме само дел од патот на човековата болка и страдање и, врвејќи по тој пат, поминавме низ мрачната страна на мракот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И по тој пат трчавме и на тој пат баравме спас...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- На тој пат – вели – ја знаев секоја кривина, секоја дупка, секој откорнат камен од калдрмата...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можело да се претпостави само дека преку нејзиното чело се протегнала уште една брчка, нова и непозната, за капка пот во ноќите на стравот, во ноќите кога повторно ќе си ја прераскаже историјата за оној некој дедо на вториот Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кажи, го знаеш ли тој пат? ... Во стапиците на оние од Кукулино паѓале лисици, бил фатен и стар, од муцка до опаш побелен волк, еден од оние за кои се говорело дека препливуваат некоја голема река и се доселуваат некаде од Влашко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Патот за Лесново, го знаеш ли? прашала игуменијата, и веќе не можела да го стивне во себе преданието за овоземниот призрак, речиси му се предала неподвижна, сѐ уште исцибрена но без воздишка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знам, си одел со камили. На тој пат си се обидел да приколеш во некој ан патник, чинам призренски латин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Рада кршејќи го своето тело како зелена елка на ветрот ги кршеше срцата на сите во училиштето, но и на оние кои го беа изодиле тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Како прво, примена сум на факултет. Значи тој пат ми е отворен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Живеам во векот во кој живееш и ти. Само јас сум го изодела тој пат и сум била сведок како таквите како тебе, кога ќе ги зафати матицата, се дават без можност да испливаат на брегот. Ете така!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знам ќерко дека тоа боли, но јас веќе сум си ја подготвив дури и рубата за тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Никогаш не вели никогаш - ѝ дофрли Томо, - можеби со мене ќе ја имаш таа прилика да го исчекориш тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Патот за спасение е тежок вели, оти тој пат е еден, и најважно од сѐ е дека тој пат постои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема враќање Тргнав по тој пат што го избрав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Било како било, а стршенот по тој пат двобој останал без едно крило.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги потчинуваш книгите на тој пат! И јас, пријателе Камилски, си имам маки со моите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледам дека и ти си на тој пат. Но ти барем си насочен кон некаков излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе запираме на тој пат на секој криво насаден збор, ќе ја покажеме неговата излишност и штетност да остане на старото место.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
О, ние веќе знаевме, се колнам, колку и да беше тежок, мачен тој пат, сонцето немилостиво, патот отровен, тој издржуваше, ништо не можеше да го задржи, мило мое.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, не си ги познававме сестрите, браќата, о, ние мораме да ги пронајдеме, ништо не ќе може да нѐ врати од тој пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно затоа и толку избезуме тој пат, поштукна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклетда бидам, тој пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се чинеше, со векови одел по тој пат, го познаваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нѐ удираше црн дожд, нѐ убиваше силно сонце, се пробивавме низ најстрашна снежна фортуна, не, ништо не можеше да нѐ врати од тој пат, да нѐ оддели од тој човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дали тоа е доволно силно сите да нѐ одвлече на неповратен пат (или веќе нѐ повлекло по тој пат), тоа мораме да го искусиме сите ние во кои сѐ уште останало разум и вистинска, некористољубива грижа за судбината на народот, судбината на сите народи на просториве и, пред сѐ, секој поединец - бидејќи, ослободениот поединец е залог за слободата на народот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, подобро е тој пат сам да го минеш зашто подоцна си посилен и поцврст.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Никој не можеше да го сопре на тој пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луѓето од обезбедувањето оцениле дека тој пат не е безбеден, па церемонијата се одржа кај браната, а тоа се совпадна и со фактот дека Борко беше главниот за нејзината изградба, така што излезе нормално собирот да се одржи таму.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога ќе седнеше на столицата во кујната, главата ќе ти виснеше тажно надолу, не можеше да ставиш ни неколку залаци и пак истата "операција", истиот тој пат го поминувавме, неколку метри со ситни чекорчиња како да се неколку километри.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
17. Сега е само зборот негов дом и дом на секој на помнежот што му се радува Не беше тоа патот што води од ништото во ништо Трепетот на крвта се провира под божилото на светлиот лак кон пределите идни на биднината Го изоде тој патот на правот ѕвезден свој расеан во темнината Очите негови гледаат и болот отаде штама и болот како во огледало ликот што му го враќа со невените на надежта Среде нив зората таа убавата посестрима во прегработ го пречекува на недоречените зборови И тој провирање меѓу ридја и луњи низ градини пробудени и вирови на пронајдениот збор станува онаа светлина што го пројаснува мракот и ја открива прелагата темна на смртта Зборот е сега негов дом Дом е на светот низ кого песната оди и раскражува за муграта и виделото што виши со помнежот над ништото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Угледувајќи се на своите водачи и први луѓе — на поповите и даскалите, — и селаните тргнаа по тој пат, по патот на омраза и одмазда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, по тој пат беше дојдена и аловата кошула за Боја и грабеното кошулче за Вилка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Ете ти го патот по кој можиш и ти, Сталко, да дојдиш до највисоката скала.. како отец Арсенија“, — си рече сам со умот Стале и започна да си го разгазува тој пат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако е од селските, ќе го префрли во некој булук од комшичките села, било Полчиштец, Клинчанец, па тој што подалеку да ги префрли некаде во Градишки или Галишки булуци, да им се загуби дирата, a отаде тој ќе му префрли други по тој пат спечалени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По тој пат вела Јован дошол и до бела Бојана за која Колобан, ете, го пизми и раат е оти тој сега не е тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Велат: Убавината е изгрев и заоѓање, Патот од едното до другото нис сме, На тој пат изгреавме и заоѓавме.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ако кога ќе пораснат тие, тргнуваат заедно на тој пат од кој нема враќање...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И еден бол, тој пат, нејзин.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
-Кога можела природата да ги штити на патот околу земјата, зошто и човекот да не им се придружи на тој пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Каков е тој пат сине, кој е тој пат?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На патот на егзилот водите ни го покажуваа можниот излез, но Татко по тој пат на водите сигурно не трагаше по бескрајот, туку по длабината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јас појдов по тој пат, ве поведов и сите вас. Само Бог знае дали сѐ ќе излезе на арно?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Му кажуваше дека го открил излезниот пат од Беломорскиот канал. Морало да постои тој пат!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но на тој пат се и несреќите - ми одвраќа загадочно Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но не спомнав кој е тој пат што го спомнувам со толкава загриженост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност ја следела само својата добра намера; сакала да му покаже на Пачев дека патот на другото време е сместен негде повисоко, а неа ја мачела токму таа тајна: да го пронајде тој пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Сите нас нѐ испревари на тој пат до херојството твојот син а мојот сакан и незаменлив другар и соборец Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Доволно сум будна за да можам одговорно да тврдам дека ниту за момент немам скршнато од Алејата - рече таа .
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А за најголема пречка се смета токму онаа: дека тој пат сè уште не е трасиран.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа упатените тврдат дека патот на добрите намери не е секогаш поплочан и дека понекогаш на тој пат наидуваме и на понекој трн.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неговиот краен проект беше да состави таписерија што ќе ги покрие сосема ѕидовите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Многумина од нив на тој пат и страдаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не му фалеше уште многу веќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што да прават со ваквите луѓе добростоечките, урамнотежени, уредни, нормални сопственици на куќи или луѓето со покрив над главата, кои уредно си го плаќаат порезот и одат по ресторани?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дека ќе побегнам можеби веднаш... намерно за да се вратам да го столчам... и дека тој пат тогаш навистина ќе го докрајчам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Притоа веројатно само стравувал од она од кое и јас се плашев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Истите чекори, истите движења на рацете на татко му.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој пат само со еден поглед може да се изврви...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Војните се играчка на животот со смртта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Глупоста, а кој друг“, вели тој и самиот изненаден од решението што го донел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И зошто токму по тој пат тргна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А кој те поведе на тој пат, руски човече“, го прашувам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но немаме време за медитации, до крајност се обидуваме да го истрошиме умот, зошто сме свесни за крајот што неминовно ќе дојде, барањето мир прерано ќе ни го покаже тој пат до крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, на тој пат, како што пишува Г.Пирински, „покомплицирано е прашањето за Грчка Македонија, каде што силниот прилив на Грци од Мала Азија и протерувањето на голем број Македонци очигледно го промени етничкиот карактер на тој дел од Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Понатаму ќе забележи дека „не е на нас и на нашите грчки пријатели овде во САД да полемизираме за идните граници на Македонија“, бидејќи тоа „прашање, без сомнение, може и ќе биде решено од самите Македонци во сите три дела на земјата, преку соработка и со пријателска помош од нова Југославија, нова Бугарија и, (ние се надеваме), нова Грција“, а желба на сите Македонци во САД, како што истакнува Г. Пирински е да се најде „пријателска солуција која ќе биде задоволителна и за Македонците и за сите демократски балкански народи“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој верувал "дека на светот нема таква сила која би можела да го уништи заедништвото што постои меѓу Бугарија и Југославија, од една страна, и Советскиот Сојуз од друга".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во својот говор, водачот на делегацијата истакнал дека Бугарија и Југославија добиле многу помош од Црвената армија и дека таа "помош покажува што се бара на историскиот пат на словенските народи" и дека "тој пат води кон заедничка борба за одбрана на интересите на Словените на Балканот, под водството на големиот Советски Сојуз".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уметничките објекти - скаменетите рецидиви кои остануваат на тој пат - никогаш не можат да добијат потполна вредност, да станат цел на нашето интересирање.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ќе го сопреме и на тој пат кон небото.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На тој пат прва на удар е религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така беше и тој пат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако на тој пат пред мене нема скалило, ќе те постелам тебе да ми бидеш скалило и ќе се поткачам погоре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Е тоа. Ете како си знаел! Тој лек само контрабанда можеше да се најде и пак преку Војнета, ама и тој пат треба да одеше до Сврделот во Битола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се најде на тој пат еден добар стопан и го здогледа кученцето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Велешкиот кружок не тргнал по тој пат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Младинците сметале дека тој амблем - гемија на суво - најмногу одговара на нивната определба и разбирање: лица кои што мислат дека патот што го следеле сите обични луѓе стремејќи се кон егзистенција, бил несигурен, зашто на крајот, при постојните општествено-економски услови во Македонија, тој пат водел кон неуспех.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Истиот начин на разговор го применувавме со моите кога се јавуваа од Индија, а така мора зашто разговорот оди преку сателит, оддалеченоста е голема и му треба време на гласот за да го мине сиот тој пат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слично како со грмотевиците – ми објасни татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)