тој (зам.) - разговор (имн.)

Во тој разговор тогаш мајка ми му рече на татка дека со години, како млада снаа, од големата маса за ручек и за вечера на која јадело семејството, таа станувала гладна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во текот на тој раговор Лит и Беренц по извесно време се фатија како со пиетет да разговараат за хиерархот од Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали смртта нешто му ветила штом прифатил прилично млад да ја следи?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мислам дека спонтано дојдов до тој заклучок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За што разговарале? Дали бил пријателски тој разговор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И поодредено објасни ги причините што те натераа да поверуваш дека токму Даскалов можел да ти биде татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од тој разговор ќе спомнам само уште еден податок за кој и денес сметам дека беше битен за нашите подоцнежни односи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А како се случи тоа да отпочне тој разговор помеѓу тебе и татко ти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога веќе мислев дека тој разговор е завршен, пак го слушнав гласот на тетка Рајна: - Еве другава зима веќе е на прагот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од тој разговор започна нашето познанство, а подоцна и пријателство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Стар лисецу“, внатрешно се насмевнав, „ти играш само на сигурно!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Следната, т.е. интелектуалната страст следува при тој разговор, односно, ако наидеме на добра снаодливост во одговорите, добра гестикулација и фацијална експресија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Лабаво струеше низ него и го оддалечуваше од започнатиот разговор, од темното струење во тој разговор. Водата го разблажуваше неговиот мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секогаш кога се зборуваа такви работи, ние моравме да бегаме од тој разговор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Два дена по тој разговор, дојде еден џип над куќата, излегоа двајца мрки луѓе во полициска униформа, и го зедоа Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа се реши, прва да го отвори тој разговор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не се осмелуваше да го отпочне тој разговор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Веднаш по тој разговор. Долу на спратот кај неговите родители...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тој разговор се разбуди и дедот Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оно, таа и пред тоа неколкупати ја задеваше Нешка, ама Неда строго го избегнуваше тој разговор и еднашка дури и се подналута и ѝ рече: — Шо ме задеваш, невесто, кога човекот си е заватен?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И во тој разговор дојде и псалтот Куле Кушо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А над него двајцата разговараа. Тој разговор не го сонуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега, од тој разговор сличен на лаење, се разбудија ушите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Она што ме изненади од мојата мајка за време на тој разговор таа ми рече: - Синко Оливие, не се важни годините, не е важна далечината, битно е срцето да го послушаш, само тогаш ќе бидеш среќен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Војската ја претвори земјата во приватен финансиски бизнис.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не ме сакаат во Аргентина.“ „Внуците ме испокрадоа а пријателите ме напуштија.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тој разговор ми останаа само спомени забележени во моето сеќавање, и делумно чепнати поради потресните околности на средбата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 207
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќавам на одредени реченици: „Аргентинската историја е фикција, односно, нејзината званична верзија е таква“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А, кој има повеќе права, има и поголема одговорност, - го заврши тој разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но и го зачуди тоа што таа почнува разговор на тема од којашто толку многу стрежеше поради стравот дека таа ќе го одврати од тој разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)