Инаку, тој товар, барем според начинот на кој го носи, потсетува на некој вид непознато оружје.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сакав да бидам на извесно растојание од неа и затоа правев сè тој товар (така го чувствував) да му го префрлам на Нинослав.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Испотени, мртовецот го носат; и во тремот го внесоа тој товар скап, а луѓето се собрале крај мртвиот и немо приковале свој поглед тап.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Но веднаш се тргна исплашен: Поарно што не ја фрлив и неа; можеше и мене да ме привлече да изгорам и јас во огнот. Co тие и уште многу црни мисли кадијата ја преседе таа ноќ и реши уште утре да ги испрати сужните за Истанбул, да му се симне еднаш тој товар од грбот и да се ослободи од стравот што го чувствуваше од Анѓиното присуство, убеден дека таа е вештерка, маѓепсницата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Знам, ако случајно го прашам, зошто на тој начин го обесил ранецот, сигурно ќе одговори дека тешкотиите што ги совладуваме во животот создаваат најтрајни навики.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)