Но, уметноста за која стана збор во потполност го користи фактот дека тој економски систем е организиран како симболички систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Важно е да се каже дека поголемиот дел од претставените дела се наоѓаат во колекцијата на Чарлс Сачи, рекламниот магнат кој и самиот ја збогати комерцијалната поп-иконографија во своите реклами.15 Уметноста од рекламата ги позајми моќта за комуникација и манипулација, но и увидот во организацијата на економскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој економски неред, со сето она што со себе ќе донесе во форма на социјални и културни нереди (сѐ поголемата невработеност во планетарни размери), неминовно ќе предизвика последици од кои денес допрва ги забележуваме првите сериозни ефекти.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)