Аман, ќерко златна, зашто ни оган не го гори тоа што можеш да го запалиш ти, со таа твоја убавина што Тој златен ти ја има дадено, и затоа само јас самата си знаев како се дочував, ни копче на градите да не ми се откопча, зашто дури и ветре што лист на гранка не подмрднува процеп можеше да ми најде на голо да ме заскокотка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
О, тој златен бран! Се колнам, тоа беше гласот на Големата вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Исафлија се покажа тој златен годинава за нас- рече Петре и се потпрекрсти.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Инаку, зошто мене тој златен евљат да не ми даде?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога Влаинката Аспасија, Паца, како што се викала нагалено, одоколу го распрашала Спира што има и како има, и откако ѝ се видело дека тој е седало за птица каква што е таа, му признала дека тие двајцата до влакно имаат иста судбина што ги осакатила и дека нив тој златен свети Наум ги донел да се најдат пред неговиот гроб.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)