Но мене ни во тој последен миг од моето умирање претседателот на Републиката не ме заборавил.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој последен ја напушти собата претходно читајќи го напишаното во болничката листа обесена на креветот, запознавајќи се со историјатот на болеста, како и одредената терапија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
До последниот ден не знаев дали ќе ми даде согласност и пари, како да се гледав веќе како работник во задругата Граничар и се разбира тој последен ден го преседов на таванот квасејќи си го лицето со солзи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)