тој (зам.) - умен (прид.)

А потоа, во доверба му нашепнал: „Ни дале наместо боева муниција, од онаа, другана, што служи само за воени вежби. А таа не убива, руски пријателе. Зар не мириса тоа на предавство?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ИЛИЈА: Ако е тој умен човек, нема да пречи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Еее, Братољубе, Братољубе, кој знае што паметен човек си ти, - воздивнав, и во тој момент немаше суштество на Земјината топка на кое повеќе му завидував одошто на тој умен и сезнаечки Братољуб.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Билмези нѐ раководат, ете, тоа е проблемот“, рекол малку подоцна тој умен капетан, а потоа додал, „се разбира, и помеѓу нив, помеѓу највисоките чинови има и предавници“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)