„Тој целиот живот го помина со амалскиот самар на грбот, со амалската ортома околу половината, со проклетството на Атлас и на Сизиф, да ја крепи и пренесува земјината топка.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И тој цел живот си имаше мака со асмата, но ништо не му можеа”.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова беше нешто сосем ново, невидено и тој цел час преседе покрај прозорецот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Или ќе си го остави торбето со лебот на некое дрво, а тие ќе му го скријат и тој цел ден гладен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се сети дека пред да биде уапсен и донесен со специјален авионски лет во Виена, тој цели петнаесет месеци лебдеше во облаци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Студент по медицина, на крај од студиите, но и тој цело време не ја прифаќаше твојата болест.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
8. ВЕСЕЛО СРЦЕ КАДЕЛА ПРЕДЕ - ах, тоа вретено жилите што ги сука! ах, тој цел век од еден миг меден! ах, таа љубов - вечно неизучена ука!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Се чуди со ужас и денес албанското племе што јунак татко ти беше; со славата побратен, сердар, тој целото време беше на херојство решен.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)