Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Низ устата и хранопроводот тој бавно спушташе една микрокамера којашто врз големи платна прецизно ги покажуваше содржината и површината на неговиот потреперувачки хранопровод.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)