Ликот што го гледаше ги носеше сите дополнителни ознаки на тоа време што изминало – малку подгрбавените рамена, подбрадокот, килограмите наталожени со текот на годините, формалноста на костумот што тој дотогаш никогаш го немаше облечено...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Сестри... Но и без нејзиниот повик жените биле улиште што ќе истури брчење и лутина на отров врз неговата глава на која еднаш, како што можело да се поверува, веќе налетале куп оси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакаше да ѝ биде дораснат на Германија која, во споредба со девојките со кои тој дотогаш се дружеше, неоспорно беше скоро како од друг, нестварен и недостижен свет.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој дотогаш не забележал дека тие ги кријат рацете зад грб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)