Ако требаше, на пример, да оди во бавчите од татко му кон охридското џаде, пред да оди таму тој небаре веќе беше стасан во бавчите и береше јаболка, а и кога ќе се отклонеше назад, тој сѐ уште живееше со сѐ што погледот му беше насобрал оттаму.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На Теми ѝ стана незгодно, погледна кон Влатко, а тој небаре ништо не слушнал побрза да ѝ го сврти вниманието на Мими кон друга тема: „Еве, да го посетиме детското одмаралиште „Шула Мина“ во Крушево.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ама, токму по оној настан во манастирот Нерези, кога него го водеше не неговиот ум, туку некоја друга сила инаетчиска и бесна, тој небаре престана да врти на празен чекрек.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)