Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во тие часови на уништување наоѓам само пепел, кремирани спомени од тој одамна недопрен простор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Загледана во некоја замислена точка на бесконечноста се обидувам да му напакостам на сопственото тело, зошто душата и така ми е одамна затруена од отровот во белите цветови што растеа во недостижноста на тоа веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Длабоко, подлабоко од сите длабочини на бесмртната човечка душа, тој одамна му прости сè.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Мислам дека самиот приод кон храната, однесувањето кон секој нов касај; насмевката, сериозноста или загриженоста на поединецот кој внимава на секој свој но и на туѓите гестови, сите тие поединости преставуваа посебни приказни потчинети токму на тој одамна совладан механизам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа внимание беше приклучено и ускладено со ова што се случуваше така како да е тоа нешто на кое тој одамна навикнал.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Меѓутоа, сега, откако тој одамна имаше почнато да губи трпение и да станува сè повознемирен, таа на влезната врата се појави некако претивко, со наведнат поглед.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Стигнав дома. Татко ме погледна и се насмевна; тој одамна едвај гледаше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Нашата ќерка станува сѐ повесела и повесела,“ мајка му рече на татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој одамна ја познаваше азбуката на идеите, на животот, а сега научените знаци само уште повеќе ја забрзуваа неговата луцидна мисла.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)