Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)