После тој полека и долго и ја мазнеше ногата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Гледа Богдан низ вратата кон небесното синило во кое му се чини како да му се отвора небесна врата и тој полека по воздушни скали се искачува кон неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој полека ја внесува во пространата соба.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Крцкав звук на неподмачкана врата. Тежок, густ мирис на свежа боја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Нејзината коса сè уште мириса на чисто во зачадената просторија, нејзината дланка веќе почнува по малку да се поти нежно стегната во неговата, а во ребрата го чувствува нејзиното срце – чука од некоја нејзина, за него сè уште непозната длабочина додека тој полека ја води, со сигурен чекор.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ти ми имаш кажувано“, му рече стопанот на дедо Мише додека тој полека седнуваше на столот помеѓу авторот и стопанот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Не, Ханс, тој е пијан.“ „О, он етна свиња“, добродушно се насмеа Германецот враќајќи го револверот во футролата но тој полека од мракот го сврте своето оружје кон него и чу, и виде.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А со време, по доаѓањето на Лена, тој полека се менувал.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Светлокосиот ја изгаси ламбата, а по тоа полека се истегна и тој на сламата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се разбира, овој облик на уметност е сѐ уште мошне примитивен, но тој полека ја заменува стварноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Беше тоа еден немирен ден, и тој полека ги откриваше ветровите, што се бореа за надвладување со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Патуваа дома, секој на свој начин. Оној патуваше така. Растојанието од нив тој полека го скусуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Точно во седум и пол Александар од VIII а застана до јарболот - екна химната - свиреше оркестарот и хорот пееше- а тој полека го креваше знамето, ама немаше квечерно ветре да го развее.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А тој полека, со смирени зборови им рече: - Детето има парализа...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Но тој полека стинееше.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Тој полека се спушти на тревата, потпирајќи се на стапот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)