тој (зам.) - често (прил.)

Единствената печалба што му ја печалаше Крсте на поп Петтка беа рибите со кои тој често се гоштеваше, та дури гости и пријатели чекаше со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа оттогаш тој често, и скришум од другите големци во гратчето, ѝ помагаше на протиница во акциите што таа ги преземаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги исчисти и трњето околу борот во средината на градината под која седеше дедо му, па и сите негови домашни. А и тој често.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Откако ја создадов аптекарската мрежа ширум татковината, народот полесно дише,“ беше неговиот рефрен во интервјуата што тој често ги даваше за најтиражните весници во земјата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Секој член од комисијата имаше посебна специјалност: еден удираше по газовите на жените за да ги оцени тврдоста и степенот на вибрациите од ударот, друг им ги подотвораше устинките за да им ја види бојата, дали е розова или црна како на оџак, трет ги мирисаше дундите (тој често повраќаше), четврт ѕиркаше низ триаголничето на меѓуножјето, ако имаше тријаголниче за ѕиркање, ако не беа слепени месата на двете нозе, петти се занимаваше со нешто петто, и така натаму, што би рекол началникот Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ИСКЛУЧОК ОД ПРАВИЛОТО ИСПРАШЕНИ КРИЛЈА 30 март, 4 часот
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беди:Не ме помага никој, а и кога акам навака-натака низ Македонија проучувајќи го тој често волшебен простор, тоа го правам со свои пари што ги заработувам ко театарски сценограф.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И сега овде во Маказар, и порано низ годините, сум сетил, дека секој обид за чист план ми се извлекува и, дури кога сум се обидувал да го составам, и дури и кога сум го составил, тој често се уривал под наполно непредвидени околности.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Решив да го започнам мојот нов проект: борба против дрогата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Влегов во собата на брат ми и ја отворив онаа книга што тој често ја чита, за дрогите и за опасностите од нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ги забележуваше честите, испреплеткани траги, во снегот пред себе, што го шараа само горниот слој, тој често со мислите беше на дофат на сето она, што се случуваше околу него, меѓу стеблата, па сепак, тој ниеднаш не му се приближи толку на сето тоа потајно шмугање во светот на оваа изгасната сивина, за да го узнае добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во последно време тој често се подсмеваше на нашата слепа послушност кон задолжителните патокази на стварноста. – На сите ни е неопходна нотичка позитивна лудост – ми рече, а потоа ја испразни својата трета чаша црно – Ми се чини дека јас сум веќе сосема близу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Нели тој често ми има зборувано за тие небесни чекори што толку убаво го познаваат јазикот на оддалечувањето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност зборовите што втасаа од некаде ми открија дека тој сепак се наоѓа во собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Зарем не сфати дека знам сосема малку за незгодата што го снајде Иван?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или сите овие претпоставки беа обични самозалажувања бидејќи изгледа токму Даскалов отстојуваше овде, а јас бев оној отскитаниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој често забораваше дека пред себе има човек кој штотуку се описменил и дека треба да ги избира поимите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш влегувавме во татковата соба за да го видиме Чанга, да го поздравиме, а тој често ни даваше по некоја пара.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој често стоеше очи в очи со клучните настани на балканската историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)