Можеби помисли дека ќе му биде многу полесно да се искачи отпрвин правугоре, а после да тргне напресрека во една права линија кон таму, бидејќи вака прекутрупа снегот се лизгаше како ѓаволот и тој честопати мораше да оди на сите четири.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поеднипати тоа му беше толку просто, како Добро утро, а по некогаш, со онаа лутина во себе, тој честопати можеше да ги препрашува да пресудат тие по правина дали се вистински сине оние лутини во него, да му помогнат со тоа што ќе му покажат што треба да се стори, тие двајца луѓе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Рохер Шатук, во неговата книга The Banquet Years, го опишува Жариевиот став по оваа идеја: „По неговите нечуени лудувања, тој честопати коментираше... „Не ли е тоа прекрасно како литература?“
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)