Секогаш свиркаше мелодија од некоја народна песна на чии зборови воопшто не можеше да се сети.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Најпосле, вујко ми Герман кој секогаш успева да биде внимателен дури и во најбеспомошните ситуации и чиј збор поради животното искуство секогаш ја има нужната тежина, рече со тон како некого или нешто да надитрува со вистина: "Тие се како и сите други луѓе", рече тој.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Што е најблизу до изворот? Чиј збор е највисоко во пладнево?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Додека трчајќи мислам на тоа како на сцената сум само глупаво нашминкан актер чии зборови не може да бидат сфатени сериозно, слушам како смеата и ракоплескањето се засилуваат. * Запис пронајден во стара театарска завеса ВО ЛАВИРИНТОТ* Ја штипнав за задник царевата ќерка и ме затворија во лавиринтот на Минотаурот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Не знае по која песна да оди, по чии зборови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но, старчето е страшно живо, и денес, пет години отпосле, сосема јасно го гледам како поднаведнато стои до мене, за разлика од оние тогаш толку присутни, кои постојано ме прашуваа: „Quand viens-tu a Paris?“, а чии зборови и имиња сега толку лесно ги мешам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А пријателството со Ѓунијата чиј збор за порекнување не знаеше, го одржа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)