чиј (зам.) - идеја (имн.)

Ако неговата прва посета на овој град помина скоро незабележана, овојпат градот, со сиот свој сјај, му укажа гостопримство на уметникот чии идеи радикално го изменија курсот на уметноста на двеесеттиот век - не само во Италија, туку и во целиот западен свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Климент Камилски, чија идеја пред една година зачна во неговата глава и беше прифатена од Татко, негов верен балкански брат по судбина, за отстранување на опасните османскотурски заемки во балканските јазици, како да се почувствува повикан да го каже последното слово на крајот на мисијата: Ние, брате мој, само една година трагавме по опасните балкански османизми, поаѓајќи од твојот мајчин албански јазик и мојот мајчин македонски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во текот на потрагата се уверивме, јас посебно, дека нема опасни зборови, туку нивна злоупотреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во самата Партија немаше повеќе многу луѓе чии идеи биле формирани пред Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не го разбирам овој град“, пишува тој, „каде што сѐ патува освен гулабите.“ (1) Околу 67 години подоцна, со отворањето на големата изложба на неговите дела во Палацо Граси на Гранд Канал, Дишан - во извесна смисла - се врати во Венеција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)