Посебно вреди да се нагласи дека законот пропишуваше во случај кога на одреден конкурс или оглас ќе се пријави лице кое е во работен однос и лице кое е невработено, при ист број бодови, приоритет да има невра- ботеното лице (чл. 47, 48 и 60). • Правото на надоместок на трошоците за превоз и исхрана за вре- ме на стручно оспособување или преквалификација, како и исто ниво на заштита на правата како и останатите работници (чл. 19 и 73). • Правото на надоместок на трошоците за превоз и селидба за она невработено лице и членовите на неговото потесно семејство што преку органите за вработување се вработило на друго место и го про- менило местото на живеење (чл. 20). • Можноста невработеното лице да оствари право на надоместок на трошоците за превоз до организацијата на чиј конкурс или оглас учествува, како и на трошоците за прибирање на определени докумен- ти (чл. 22). • Обврската организациите да создаваат услови за вработување на инвалидни лица (чл. 65).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)