Дома беше и џунџулето и опојниот мирис на црвениот трендафил врз чии лисје зората секогаш оставаше капки роса...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Утрврден во некоја религија или празноверие, што е уште пострашно, тој скита – зборуваше старецот, во исто време земајќи една пупка од јасминот чии ливчиња, едно врз друго, беа свиткани како вретено. – Го гледаш ли овој цвет што е затворен, се уште ја нема видено светлината на денот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)