Токму во време на безредието, додека се кинеа постерите, еден човек чие лице не го виде, го допре по рамото и рече: „ Извинете, мислам дека ви падна актовката“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гледавме стрештено час во логотетот, час во Лествичникот чие лице сјаеше од гордост и самовозљубеност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем, на знак од логотетот, чие лице сјаеше од среќа, оти печатот на проклетството веќе беше избришан од царството, Лествичникот го прочита она што го беше отклучил од записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во приземјето ѝ е сместен дуќан за продажба на очила, чие лице гледа во прекрасните сводови на знаменитиот Камен мост врз Вардар.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш се случи. Зад некакви изглодани карпи со дамки се појавија двајца на чии лица претчувствував клунови и птичји очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак како пред тоа беа глави на колови, загледани една во друга и сакаа да поговорат за таа земја, сеедно, за таа или за некоја друга.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како момчиња си ги доверуваа своите први љубови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Што е водена со ќумци, и тоа оддалеку е водена, та ако го разберат ова агите – отидоа децата – почна да се жали бабата и да го гледа некако сомнително калуѓерот, на чие лице јасно се покажа задоволство, а на устите скриена насмевка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Облеката ја бележи сиромаштијата на селаните на чии лица се гледа истоштеност и умор.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И додека ѝ се восхитуваме и насладуваме на глетката, не забележавме дека на соседната клупа седнаа двајца мажи на чии лица изразито се гледаат старечките брчки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Подоцна, на одделението, меѓу луѓето чии лица ми беа непознати, се јавуваше, кога ќе се појавеше чувството на загрозување, и елемент на страв.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)