чиј (зам.) - последица (имн.)

Во далечните османски времиња, продолжи Камилски, во една област настапил голем глад.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега сериозниот Камилски, сакаше на оваа приказна да ѝ даде посебна социјална и филозофска димензија, чија последица ќе биде лексичката определба за оваа синтагма, која неизменета ќе влезе во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но начинот на којшто текстот се разликува од себе самиот никогаш не е едноставен: тој поседува одредена неумолива, противречна логика, чии последици можат да се читаат до одредена мерка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
(Има такви луѓе: ќе ти надробат поединости за чии последици и не помислуваат а дури потоа ќе те погледнат в очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаат да го видат не само учинокот туку и последиците од своето несмасното однесување).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Литературна - со своите романескни вредности, односно дејството и реакциите на ликовите кога раскажувањето има колку психолошки, толку и акционен тек; историската вредност на романот се должи на опфатот на епохата и драматичните епизоди чии последици не ја загубиле својата актуелност во регионот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше јасно дека храбриот биолог се доближуваше до другата слаба точка на Проектот: слевањето нова река во Езерото, чии последици, според категоричното тврдење на Цветан Горски, можеа да доведат, првин, до разнебитување на идентитетот и интегритетот на живите суштества во Езерото, а во еден подолг период и до самото негово исчезнување, колку и да беше тоа длабоко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Неочекуваниот настан, со откривањето на ова изветвено тробојно парче платно во семејството, за Татко беше и добар повод да „расчисти” со Мајка за некои делови од „италијанското прашање” во кои беше вплетено семејството и чии последици би можеле, во текот на животот, да се одразат врз децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста и ако докаже дека штетата настанала исклучиво со дејствие на оштетениот или на трето лице, кое тој не можел да го предвиди и чии последици не можел да ги избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)