Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакајќи посликовито да го претставам тоа ги замислив тие четири точки на сегашниот свет кои стојат на една иста рамнина, а петтата ја ставив на врвот, чија сенка паѓа во центарот на тој четириаголник.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ни мртвата птица, чија сенка мавта со крилја зад моето чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тука, на големото преспанско гробје, белобрад поп, чија сенка ја издолжува заодот, стои на земјата ишарана од гасениците на тенковите и булдожерите и со растреперен и скршен глас, шепоти: “Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небеско.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во лединката легната под едно голо карпесто ритче, обрасната со папрат под чија сенка зреат шумски јаготки, најдов големо парче од авионска бомба и половина од минофрчка граната.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)