За прв пат, во Законот, се воведе терминот „штрајк на солидарност“, но воопшто не е дефиниран што точно означува и кога може да се организира, па само штуро се предвидува дека мора писмено да се најави на работодавачот кај кого овој штрајк се организира, како и тоа дека може да започне и без спроведување на постапка за помирување, но не пред истекот на два дена од денот на почетокот на штрајкот за чијашто поддршка се организира овој „втор“ штрајк (чл. 236, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)