што (зам.) - знае (гл.)

Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва на исказот што го дал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заклетвата се полага усно со изговарање на овие зборови: „Се заколнувам во честа дека за сето што ме прашуваше судот ја зборував вистината и дека ништо што знаев за оваа работа не премолчив“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од глад или од тоа што знам дека пак е одена наоколу да ги подмамува оние мачки и она куче за пак да може по ручекот чиниите наместо да ги измие да им ги подметне на мачките и кучето да ги излижат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаењето сега, моментите на искушение ги прави понижувачки и пеколно неиздржливи, како што, некогаш, моментите на напредок во кариерата му ги правеше исполнети со самозадоволство и потем со блаженост.  „Значи, да видиме”, започнува секогаш исто неговиот иследник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога погледот ќе му падне на полуосветленото, безизразно лице на иследникот, зборува сѐ што знае. Без насилство, без додатна принуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Мило ми е, - рече старецот, а во своите мисли продолжи: „ А што знаеш ти, градски човеку, за жетвите, за жржта, за српот, за лукот и оцетот, најубавата жетварска храна“.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зар да го осудиме принцот на Честољубието Ние што знаеме од најрано детство Дека речиси на сите паметници на великаните Високо кренатата рака од бронза Иако празна нѐ храни со надеж!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Биди посилен од фосфорот што знае да свети ладно!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова е денот што долго го чекав. Дојде Големиот ден. Вистинскиот ден, оној во кој на виделина ќе изнесам сѐ што знам и умеам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Политиката е чиста математика – плус и минус, множено и делено, ти давам – ми даваш, ти барам – ми бараш, на крајот победува оној што знае што сака, па бара најмногу, а дава најмалку, особено ако е посилен од другиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Им се радувам како што им се радував на бонбончињата што знаев дека ќе ги добијам од „волшебниот“ џеб на престилката од баба ми кога ни доаѓаше во посета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Што знам! Може така ми се чинело. Кога времето е облачно и луѓето се облачни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека сѐ што знае таа, знае и цело село, вели. 47
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може господ така сака, си мислам. Што знаеш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се прават нешто што знаат дека не се. Тие се наречени шминкери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И кога ќе најдат такво место, прашање на добро воспитување на секој што знае за тоа е да си го задржи знаењето за себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој им кажа сѐ што знаеше за неа, за нејзините навики, нејзиниот карактер, нејзиниот минат живот; тој призна до најбезначајни детали сѐ што се случуваше за време на нивните состаноци, сѐ што ѝ рече тој нејзе и таа нему, за нивните оброци од црниот пазар, за нивното прељубништво, за нивните нејасни заговори против Партијата - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застрашувачки беше самиот изглед, не само фактот што знаеше дека тоа е тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и на Винстон му беше јасно дека таа чека нешто што знае дека ќе се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Кажи сѐ што знаеш“, пак се наведна агентот над него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– „Ете ми трага од луѓе, си рекол сам со себе Силјан; арно, ами што знам што луѓе ќе бидат?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ги придвижи усните. „Сѐ што знам е дека ова е навистина крајот на почетокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Што знаеме ние тука? Ништо, Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо молчи, влече од цигарата, погледнува високо во небото, свртува глава кон планината, над која бледо свети кривиот рог на месечината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Принцезо на убавината и соништата, покажи ми што знаеш!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Цел ден служам такви што знаат повеќе од мене.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сѐ што знаев и не знаев ми се виде поинакво...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ИИ Така беше некако, што знам како беше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ што знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А што знам, можеби од укитот што почна да ни се топи, ми се стори дека плаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што знам: времето беше привсенето од облаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што знам... Мене така ми се слушаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше необична заради тоа што знаеше од сите риби да скока највисоко над водата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пливај и ако ја сретнеш рибата што знае високо да скока поздрави ја од дедо Гога.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)