Што ќе ѝ е да се свитка во својот проголтувачки облик кога на сиот овој бескраен простор не постои ништо друго освен малку јас кој не сум ништо друго само нишка што лебди.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Повторно доаѓам пред долината и таа се отвора како стара книга на залутениот ветар лисјата се шират и во неа влегуваат право високото небо со гребенот на врвот планински што лебди над облаците потоа снегот што се спушта жолт и овенат право во моето срце измешан со поројот во 'рбетот што му шуми.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)