Но господ на робјето виде од вишното небо колкав е нивниот ужас, и нададе уши стенчивиот глас да го слушне - плачот на тие што служат.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се чувствував како предмет; како чаша, како нешто што служи некому.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие се немаат во главното бугарско наречје – источнобугарското што служи и за литературен бугарски јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)