И пак ќе запрам и пак ќе си речам, што барам сега назад, ќе си речам, што барам кон местото откај што тргнав. И пак ќе се вратам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Знае дека сите што тргнаа по неа веќе се на суво, некои тука некои долу, овој оган сакале тие или не ќе го делат со мокрите дечиња или со нивните мокри робички, и Фала му на Господ за оваа ноќ!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
— Ние сме, ние, не берете гајле — се јави дедот Волче и се стави со тој што тргна кон нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)