Ја дигна главата, и од полутемнината, под црвеникавата, трепетлива заобленост на Месечината, рамнодушно ме гледаше, продолжувајќи да мрмори.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Потоа ја дигна слушалката стискајќи го со танките прсти наострениот молив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога забележа дека блондината гледа во него, еден од браќата се насмеа. „Ти се допаѓа тој?“ праша и не чекајќи одговор рече: „Ако не бевме ние, оној, твојот, ќе го убиеше.“ Отец Симеон се промешколи во ќошот и ја дигна главата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ниеден не сопреа... ја дигна палката СТОП на еден „сто-кец“. Утредента си купив „Форд Ка“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Имајќи го овој динамит, гемиџиите уште во втората половина на 1902 година веќе можеле да ја дигнат Банката во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Богословот ја дигна главата, се насмеа: „Лажев. Не ми е роденден“, Му призна невесело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој ја дигна, чашата и го испи оловото и со него сето она што беше шарено и нејасно.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш ја дигна главата и со мирна решеност соопшти: „Сѐ е ова лага. Нема веќе да ви се покоруваме“.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се веднеше над црви а се сметаше за змиски цар. - За риби, објасни и не ја дигна главата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Николај, што ти бил? Тој ќе се исправеше, ќе ја дигнеше главата и ќе зататнеше: - Генерал.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Спротивно - Арсо ја дигна едната веѓа и го фати шишето за грло пркосно гледајќи рамно во скрвавените очи на противникот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)