ја (зам.) - замени (гл.)

Само еден пример: ќе мораме категоријата „субјект-објект“ да ја замениме со категоријата „интерсубјективитет“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И Толе реши да не остане подолен од чаушите, па фрли очи во една русјачка, со која сакаше да ја замени Миша од Полчишта. Па и таа не му се спротиви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А потоа почнал да го мрази тоа што науката нумеричките кодови само ги проектира нанадвор, значи дека е некаква си равенка на веројатни природни закони, коишто би ја замениле самата природа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нормалната комуникација ја замени со виртуелна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во Велика Британија почна да се продава од 1992 година но, и покрај тоа што постоеја претпоставки дека ќе ја замени Екстази, очекувањата не се исполнија, можеби поради недоволните залихи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Крие ли говорот достатно моќ не да ја замени туку барем да ни доближи психолошката тензија на архетипот?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не му одговарав ништо, а тој сам коментираше, највулгарно; на пример, ме праша дали би ја заменил ученичката Луција со една коза, оти тој би можел да ми најде коза од неговото село, кога веќе мислам дека козите се толку сексапилни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Курвата од лешинарската фамилија да ја замени со чесна жена, која на Томо ќе му ја продолжи лозата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Студентската соба 1303 ја замени со своето сопче во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако не друго, сето ова за мене ќе биде само уште една добра улична школа. Никоја диплома не може да ја замени уличната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И Мустафа Кемал Ататурк ќе ја објави на 1 ноември 1928 година лингвистичката револуција за да ја замени арапската азбука со латинична азбука.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Следниот чекор ќе биде чистење на турскиот јазик од арапски и персиски зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше магија. Сон. За ништо на светот не би ја заменил таа голема, слободна вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш и Чана крвта ја замени со насмевка и со грлен глас С ршета бабо Петро? Как ти са пуле дујната! Шо са чине надруф!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мислите му шетаа некаде по Трибор, по Рожден и ја бараа солунката која треба да ја замени неговата Стојанка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но наеднаш, соземајќи се од прошетката по веселото шаренило, ведрината во нејзиниот поглед ја замени чудна изненаденост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заточеникот ми објасни дека кадијата постапил и премногу дарежливо кога за мал поткуп му ја заменил казната бесење со овој милозлив прогон или сургун на подземниве чардаци.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Свежината на ноќта, ќе ја замени огинот на денот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Започнуваат да ги раскреваат и да ги изнесуваат машините на Курта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Често можете да се фатите самите себе како стоите пред огледало и се прашувате: кои сте вие од другата страна на огледалото?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не постои друга што ќе ја замени.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Најпосле, според моето верување, ова патување требаше да биде уште еден обид, барем пред лицето на светот, да се зближат Албанија и Југославија, односно Македонија земјата на среќниот егзил на моето семејство, при што требаше да ја провериме цврстината на можниот мост кој би ја заменил границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- И вие сте навистина, многу блиску до историската жртва на задоцнетото и погрешно прифаќање на идејата – комунизмот да ја замени религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Учителката стоеше достоинствено, насмевната и со некоја чудесна мајчинска топлина во гласот, со меко и долнавесто лице, со големи, тркалезни црни очи и едноставно Пела во себе ја замени со Богородица онаква каква што ја знаеше од црквите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)