ја (зам.) - започне (гл.)

Ако е одржано подготвително рочиште или, ако тоа не е одржано, откако тужениот на првото рочиште за главната расправа се впуштил во расправање за главната работа, судот што ја започнал постапката не може ни по приговор ни по службена должност да се огласи за ненадлежен за предмети од надлежноста на друг суд од ист степен (чл. 16, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој суд, во текот на целата постапка, по службена должност внимава на својата стварна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На 138 комунисти, членови на СКОЈ и симпатизери, на судските процеси во Скопје, Охрид, Битола и Куманово им биле изречени 38 смртни пресуди со што бугарскиот окупатор ја започнал пресметката со антифашистите и комунистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во периодот од април до мај 1942 биле организирани јадрата на пет партизански одреди: Битолски, Скопски, Велешки, Прилепски и Крушевски, а до летото биле формирани уште четири одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Велгоштанецот се замисли и продолжи: - Кога во Белград ми го потпишаа мајсторското писмо, истата година почнав таму да ја ѕидам и првата куќа. Со каков мерак ја започнав.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој и Бојан беа дојдени на Рамни Ливади, да ја започнат годинашнава косидба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Би сакал да ја започнам мојата дискусија за деконструкцијата со едно признание - јас не сум академик туку, додека да најдеме подобар збор, терапевт.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе собереше дваесетина пациенти во некоја од големите простории на болницата, и со еден од повиканите ќе ја започнеше играта во која лудилото го прикажуваше како глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега, кога веќе зачекорија кон годините на зрелоста самите можеа да ја започнат потрагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Драги мои, Томо со крената чаша ја започна својата здравица додека разголената полна месечина го нурна својот зрак во полната чаша пенливо вино, вечерва добив вест која е поскапа и поголема од сето азно на овој свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Клекната под иконата на заштитницата на раѓањето, Рада тивко колку самата да се чуе ја започна својата исповест: „Помогни ми пресвета Богородице да го одберам вистинскиот пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ни во еден момент не ја започна темата која можеше да ја разоткрие нејзината тајна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има да си ја свршиш онаа твоја задача што си ја започнал и не си ја завршил и поради тоа падна во очај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога во светлоста на пламенот ќе видиш што се криело во одајата ќе станеш и самиот жива светлост, потоа како и пред тоа, ќе си мрак и пепел на својот мрак, ја сфаќа таа за него обична вистина и се насмевнува, мислиш знае што ќе види во одајата кога семоќниот оган ќе ја започне својата игра.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко, најпосле ја прифати идејата на Климент Камилски да ја започнат замислената операција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но оваа битка, според Аполинер, ја започнале уште браќата Грим, кога германскиот јазик се ослободил, особено во доменот на книжевниот јазик, но преостанувало да се исчисти говорниот јазик, како и јазикот во доменот на трговијата, администрацијата и војската.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да ја започне играта со Деница во својата вила, Ниротакис доби телефонски повик од Авни, кој со девојките имаше краток одмор на паркингот крај Лупиште, северно од Улцињ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На овој универзитет Хегел ја започнал својата филозофска дејност, во почетокот под големо Шелингово влијание, но набргу сосема се осамостојува и со текот на годините го развива и го употполнува својот филозофски систем.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
На црвената маса, со раширеното празно тело на капетанот пред себе, новите раце ја започнаа битката на движења.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
X Децата пак ја започнаа својата акција против Бошка Манев, Мартина и неговите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Уште во текот на војната, Велика Британија ја започнала дипломатската активност со цел да се анимираат САД и СССР во однос на можните политички консеквенции што би го имало активирањето на македонското прашање во врска со обединувањето на Македонија и прашањето за југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната британска грижа произлегувала од стравот да не дојде до формирањето на "една голема Македонија на сметка на Грција", а тоа да излезе од контролата на Јосип Броз Тито, и покрај неговите ветувања дека "судбината" на Македонија ќе се реши на мировна конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Младиот водич З.З. ја започна својата беседа за арената, додека Х.Х. појде сигурно да се поврзе со Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, Марко својата шоферска работа во Канада ја започнал како совозач на Али во истата компанија во која што Марко уште работи па сега, од првиот паркинг, му се јави по телефон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)