- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Запали цигара и по неколку повлекувања ја изгасна цигарата во својата чинија со пита.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ја изгасна цигарата задржувајќи го нејзиниот последен чад в грло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Штом ја отвори вратата од кошарата, говедата едно преку друго истрчаа надвор, па нестрпливи да стигнат до поилото и да ја изгаснат жедта, лижеа од снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мајка ми, небаре ја следеше сенката на сонот на татко ми, до колку и неа не ја повтасала дремката, ќе дојдеше, ќе ја изгаснеше ламбата, ќе ја оставеше книгата настрана, означувајќи ја последната прочитана страница, ќе го покриеше полека татко ми, за да не го разбуди.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)