Каде е капината? Ја изгоре огнот. Каде е огнот? Го изгасна водата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Откако Камилски го запозна Татко во Државниот архив, тој си најде мелем за ранетата душа во тие години на недоверба, сомневања, денунции, кодошења од секако вид, од кои од една и му ја изгоре душата, завршувајќи во Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И на малечките, беспомошните им ја изгоревме надежта...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Златни деца на туѓа рака оставени, зар маќеата мајка ќе биде, огин да ја изгори...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Имаше и полни чинии со бадемов кафен ориз - пилав (еден од специјалитетите на Кети), мелено месо и ориз завиткани во листови од зелка, пржени домашни колбаси, многу зачинети, чорба, длабоки чинии со мешана зелена салата, потпечени пиперки со маслиново масло и разни други зачини, вклучувајќи ја и неизбежната туршија од пиперки, жолти и со форма на рокчиња, за кои Даниел ја предупреди Рози, ”Немој да си гризнала од оние. Ќе ти ја изгорат устата”.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)