Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Попот ја зема гитарата, и потпомогнат од замислениот глас на Мадона, ја испеја „Лајк а вирџин“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Играчките трипати ја испеаја песната за Мара Цанцарка.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа едно, а друго сите кои чуле оти Лазор му се фалел на Хаџи Ташку дека и нему ќе му биде испеана песната, како што тој му ја испеа на стрика Анѓела, а и некои кои нѐ пизмат нас, можат да го отепаат на наш синор, или таков, отепан, да го фрлат кај нас.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За тоа постои песна. Сакаш ли да ти ја испеам?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одломка сме од она и вечно и бесконечно мало кое само по себе го изгубило сеќавањето на себеси и сега секој саме си ја пееме песната која уште никој не ја испеал и никој не ја чул.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Камбанаријата го означи почетокот на новиот ден, а со тоа и на новите предизвици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)