Колку и да сакаше Татко да ги скрие својата внатрешна болка, својот пораз, во градот покрај реката, Мајка веднаш сети дека се случило нешто мачно. Ја насетуваше неговата драма.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој не ја насетуваше во совршената взаемност на двата споени сада сеопфатната форма на духот на бесконечноста како ползи на работ на секоја капка време.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сонот го следеше својот тек: и во него први беа скалите, дрвените скали на старата куќа по кои се качува, па кујната со маса наместена како за ручек со шарен извезен чаршав, соларник на сред и четири чинии околу, потоа надесно, кон собата во која спиев со Мајка, таму, веднаш таа-лежи на креветот, до половина покриена со јамболија под која ја насетувам мекоста на крупното тело.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Синовите и ќерките, убаво ја насетуваа тивката, внатрешна битка на заминувањето или останувањето меѓу дедо и баба и речиси никогаш во мирните времиња не заземаа ничија страна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Има само миризби, помешани спомени, човечка топлина, глад од утробата, радости, црни ирационални стравови коишто, наспроти сѐ, прават да се почувствува вистинското страдање, како што може Шагал, отаде фантазмагоријата, да ја насетува големината на еврејската душа...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Игор Лозински сигурно не ја следеше татковата мисла, но ја насетуваше неговата возбуда кога му зборуваше за метаморфозите на јагулите на големиот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кажи: нема спас од јазикот
зад секој знак се изплазува
со својата двосмисленост
- жива песок во којашто
(се) гине
со пред-у-мисла
а ние, овоземни, талкаме
по некоја обоготворена смисла
правиме пазар напразно
играме комар
без ќар:
самото правење има своја поетика
- ја насетуваме, не ја именуваме;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беше пријатно, така во несреќа, да се мисли на далечната земја и на раштрканото село Жепа, каде што во секоја куќа има приказна за неговата слава и за успехот во Цариград, а каде што никој не ја познава опачината и не ја насетува славата ниту цената со која се добива успехот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш почнавме полека да ја насетуваме прекрасната вистина, односно причината за нашата тајна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Му рекоа дека има уште четири куќи од Штекиќи и дека се најимотните во селото, но дека и селото и сиот тој крај осиромашиле, дека џамијата им пропаднала и изгорела, чешмата пресушила; а најлошо им е тоа што немаат мост на Жепа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сè додека Господ ни дава сила, ќе продолжиме да зашрафуваме челични греди, да ги редиме една врз друга, сè повисоко и повисоко, а по нас, ќе продолжат нашите синови, и никој од рамниот град Париз нема да дознае, обичните смртници никогаш нема да го сфатат тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)