Бендот ја најави својата најнова композиција, за која што рече дека фановите ќе имаат чест за прв пат да ја слушнат вечерва. „Мара ми се скара“.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од овие причини тој се одлучил да им презентира преписи кои најконкретно упатуваат кон темата што ја најавува.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)