И така би: цела ноќ чинев од многу – Едно. Голема ука е тоа, о бедни, и никој од вас не може да сфати каква возбуда силна душата ми ја обзеде, каква сладост, кога почнав да ги распоредувам стакленцата од огледалото по редот вистински.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нејзе ја обзеде стариот немир, сега подзасилен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Пеколот секој сам
си го бира !
Ја обзема чувство на изнуденост:
софистицирана уцена
маскирани киднапери
препознатлив
глас.
Депресија: доцна попладне
Наместо топла попладневна
дремка
во неа
без остаток
се влива
тегоба со нагон на повраќање
небаре влегува низ подотворени порти
- дома, а дома
цибрина
треска
изѕемнина.
Има хронична несоница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Особено треба да внимава на начинот според кој ќе се однесува спрема неа, за да не дозволи Марија повторно да ја обземе нејзиниот непресметлив гнев, кој станува сѐ почест и поопасен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На крајот го предупреди за чудната опсесија на Марија со телефонирањето. – Угодувајте ѝ – рече. – Не грижете се, докторе – рече Сатурн радосно. – Тоа ми е специјалност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Малата Ервехе ја обзела необична милина, непочувствувана дотогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И неа ја беа обзеле радосни чувства, но ја обзела и мислата за тоа дали е можна реализацијата на овој спој на разликите, како трајна судбина на овие деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)