ја (зам.) - отвара (гл.)

БЕРБЕРОТ: Го вади од чантата својот брич. Го остри.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се брише. Ја отвара својата чанта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Станува, зема едно дрво и ја отвара печката. - Иаај! Па таа изгаснала! - Аииј! - се чуди Сашо. - Изгаснала!...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Досадно ми беше. Тивко ја отварав вратата од купето, излегував во ходникот, гледав низ прозорецот и пак влегував во купето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Скокнав исплашен: но тоа беше другата врата, од другата страна на скалите: Емилија ја отвараше. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 142
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние го гледавме и него како ја отвара вратата, ама погледнувавме и низ прозорецот. Ни срната ни бате Јоле ништо не сетија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Германецот убиен ноќеска крај бензиските складишта ја отвара устата и ја пее својата Лили Марлен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше вака: Пред нашиот стан, во којшто се влегува низ двојна врата, се поздравуваме со соседите додека Борко ја отклучува првата врата, па го врти врзопчето и со другиот клуч ја отвара и втората.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)