Ги обвинуваше најневините; најневините и најбеспомошните го носеа исконскиот грев – оние кои тукушто влегле во животот ги обвинуваше дека ја посакуваат смртта на оние кои тој живот им го дале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Вистина? Еми добро де, шо е проблемо?“ „Нема проблем. мислам дека желбата шо си ја посакав преѓе веќе ми се оствари.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се разбира дека имам зборови, неброени зборови за се она што се случуваше овие денови во мене. Можам и да ги искажам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тие зборови постоеја и пред да ме затворат, да, и пред тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или најмногу ја посакува улогата на џелат, кој откако ќе ги потцени обвинетите се определува за лекоумни и случајни заклучоци и аргументи?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На таа вина, која, велеше, му е присушта на секое човечко суштество, себеси си додаваше уште една – тврдеше дека се сеќава дека уште како едно и пол годишен ја посакал смртта на тукушто родениот брат Јулиус, кој умрел шест месеци подоцна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)