Сонцето згасна на запад, во морската вода, и веќе немаше кој да ја храбри.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А можеби и ќе паднеше во морето ако со својата блага пролетна насмевка не ја храбреше сонцето: Ластовице, лекокрила, биди силна, биди лека, летај, летај, летај мила родно гнездо ми те чека.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Депа ја храбри: „Те измачи, дивинчево... Го преноси...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Баба Перса од кај вратата уживаше во глкетката и од таму ја храбреше со своите благи и болснати очи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Стигнуваа за сочувство, стигнуваа да ја храбрат, а самите со истрадани, истрошени животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)