Претходно исчисти ја собата (сето нечисто стави во два куфера), дотерај се, суреди си ја косата, облечи го костумот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сакам да јадам праз колку што ми може душата и да си одморам под некое дебело дрво, а во меѓувреме да не морам да изџвакам од новите Orbit Ultra Fresh без шеќер или да купам четкичка за заби од најблиската продавница, па кришум да се мијам, притоа уредно зачешлувајќи ја косата...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не фаќајте се за појадокот ако не сте миени! Убаво исчешлајте си ја косата!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Лифтот дојде, и јас олеснително воздивнав, разбушавувајќи ја косата за да ми личи повеќе на онаа од Абраш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Атина ќе му го намести столот и уште долго време ќе стои зад него, замазнувајќи му ја косата што си ја разбушавил при вадењето на капата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)