Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите. „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц. „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)