Не знам колку време мина
кога сонцето блесна од зад облаците
ги помести, ги разби
маглиштата и талогот
на еднообразноста
дрворедот се озари
доби лик, па одеднаш
некои чудни форми почнаа
да се об-јавуваат пред моите
очи
пред зумот,
пред заумот.
Ми се стори дека
од некаде надоаѓа нешто боготворно
светлината го овозможува
совршенството
но треба да го најдеш
барај
избегни ја судбината на
просечниот
ум, колатералната штета на
непросветленоста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тебе те чека среќа, човеку, среќа и слава, така ти зборува хороскопот, но не можам да ти кажам кога тоа ќе настапи. Добро, добро, испробај ја судбината.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)